| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ дебата на косовски пратеници прерасна во тепачка

Красниќи прво го полеал со вода Зека, а потоа двајцата пратеници почнале физички да се пресметуваат, а за да не дојде до посериозни последици реагирале и водителот и камерманите

Пратеникот од коалицијата Иницијатива за Косово Милаим Зека и пратеникот на Самоопределување Фрашер Красниќи викендот се степаа во дебата на ТВ Клан Косова.
Како што пренесе РТК2, Красниќи прво Зека го полил со вода, а потоа двајцата пратеници почнале физички да се пресметуваат.
За да не дојде до пожесток судир, морале да интервенираат и водителот и камерманите во студиото.
Ова е првпат да се случи тепачка меѓу членови на парламетот во една телевизиска емисија во живо во Косово, но и претходно имало судири во косовскиот парламент токму помеќу членови на партиите Самоопределување и ПДК, кога се судрија Реџеп Селми и Беким Хаџиу.
Зека по емисијата изјави дека Красниќи воопшто не дошол да разговара туку физички да го нападне, пренесуваат локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top