| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Најважна цел е да ја реализираат волјата на граѓаните и нивните соништа

Започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија. Ера на просперитет, на напредок, исполнети ветувања, достоинство, одговорност и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција и која ќе покаже на сите, и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени или можеби барем малку се скептични дека „Да, Македонија може, ние можеме. Македонија може и мора подобро“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од митингот во Македонски Брод.

На Македонија ѝ треба нова ера и нови победи. Продолжуваме да ја следиме патеката со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како од првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата држава, за нашата Македонија. Нашиот народ ќе добојде до најсоодветните услуги што ги очекува, услуги какви што заслужува. Македонија припаѓа на народот и овој град припаѓа на неговите жители. Секој од вас, ти си тој што ќе донесе одлука и го има последниот збор за нашиот град, за вашиот град, за нашата татковина, истакна Груевски.

Најважна цел е да ја реализираат волјата на граѓаните и нивните соништа.

Работиме само за таа цел бидејќи сме тука да ви служиме, ние сме во ваша служба. Зборовите беа значајни во минатото затоа што тие вродуваа со резултат, рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top