| четврток, 6 декември 2018 |

Инфраструктура, вработувања, грижа за младите: ВМРО-ДПМНЕ остварила за Македонски Брод како ниту една друга власт претходно

Откако ВМРО-ДПМНЕ влезе во Владата, зборовите не се празни, туку значат реализација, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред насобраните граѓани на митингот во Македонски Брод. На претставувањето на кандидатот за градоначалник од оваа партија, Милосим Војнески, Груевски потсети дека зборовите без резултати и дела се ништо и дека ВМРО-ДПМНЕ се препознава по делата, а оваа партија во изминатиот период остварила за Македонски Брод како ниту една друга власт претходно.

Наш најголем успех е намалувањето на невработеноста и зголемување на вработесноста. Ние креиравме нови 170.000 нови работни места во минатата декада. На почетокот на 2006 во општината Македонски Брод имаше околу 1000 вработени лица, а на крајот на 2016 бројката се искачи на 1.660 или зголемување на 66 проценти. Се оформи нова локална индустриска зона и веќе постоечката технолошко-индустриската развојна зона и се донесоа нови странски инвестиции. Фабриката „КСС“ инвестираше во овој регион по наша заложба, по наша борба, по наше убедување. Нудење на најдобри можни услови за да дојдат тука и да отворат нови работни места за овој крај, за луѓето да најдат работа, подвлече Груевски.

Потенцира дека во моментот фабриката вработува над 1.350 луѓе, како и оти компанијата планира проширување.

Се изградија патните правци Вардариште до Долно Круше, патот за Зркле, патот за Требовлје, од Самаков до Ковач, патот за Могилец, патот за Злечен, од Загрт до Волчин. И доизградени се од Сватино до Крушје и патот за Калугерец. Вкупната должина на овие патишта е 25 километри. Инвестирано е во пробивање, тампонирање и асфалтирање на 23 други улици во Македонски Брод, во Самаков, во Требино, во Здуње, Долна Белица и Близанско. Се изградија пет мини мостови и два се реконструираа. Се изгради нов градски пазар за жителите на Македонски Брод и очекувам за брзо да биде пуштен во употреба, истакна Груевски.

Нагласи дека жителите од Латово се поврзаа на регионалниот водовод Студенчица и оти се изградил водоводот Загрешница.

За најмладите, за љубителите на спорт и сите жители на општината Македонски Брод се изградија тениско игралиште во Македонски Брод, мултифункционално игралиште во Самаков и игралиште за мал фудбал во Суводол. Се изградија спортски сали во основното училиште и во гимназијата во Македонски Брод, се изгради и фудбалски стадион, исто така, во Македонски Брод. Се инвестираше во развој на туризмоти промоција на убавините на општината. Се уредија патеките кон пештерите и се инвестираше во уредување на самите пештери Голубарница, Лапирница и Момичек, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека уреден бил и локалитетот Пешта, но и оти била давана континуирана поддршка на локалните фестивали и манифестации.

Се овозможија легализација на бесправно изградените објекти на територијата на цела Македонија по едно евро за метар квадратен. Овозможивме откуп на земјиштето под објект и дворното место за едно евро по метар квадратен. Сега граѓаните имаат имотни листови за својот имот и во голем дел веќе си ги реализираа легализациите за да станат свои на своето, посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top