| четврток, 6 декември 2018 |

Јане Сандански ќе добие нови паркиралишта

Вечерва во населбата Јане Сандански продолжува претставувањето на капиталните проекти предвидени во програмата на актуелниот градоначалник на општината и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден четиригодишен мандат, Ивица Коневски.

Еден од нашите значајни проекти предвидени во изборната програма за оваа населба е целосна реконструкција на сервисните улици меѓу зградите во оваа населба, како и обележување на нови паркинг-места.
Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените пешачки патеки

Градоначалникот Коневски најави изградба на систем за наводнување за да се олесни одржувањето на зеленилото во овој дел од општината.

-Предвидена е реконструкција на подовите во ОУ „Љубен Лапе“, реконструкција на детските и спортските игралишта, како и изградба на парк за миленици, најави Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top