| четврток, 6 декември 2018 |

Сулејман Величенствениот и Бетмен во ист филм

Турскиот актер Халит Ергенч (47), кој се прослави со улогата на Сулејман Величенствениот, во Србија ќе снима филм во кој би требало да му се придружи и Кристијан Бејл, кој го глумеше Бетмен.

Халит, пишува српски „Курир“, ќе биде дел од филмот „Јаничар“, кој следната година треба да го работи Гага Антонијевиќ. Антонијевиќ неодамна бил во Турција, каде што се состанал со Ергенч и се договориле за соработка.

Филмот „Јаничар“, кој Антонијевиќ го смета за свој филмски тестамент, е приказна за паша кого го праќаат да задуши побуна на Србите каде што е роден. Доколку се поклопат коцките со Халит, бележи српски „Курир“, партнер во филмот треба да му биде холивудскиот актер Кристијан Бејл, кој е во брак со Србинката Сандра Блажиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top