| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш се кршеа чаши во кафеана, денес се крадат чаши од кафулиња

Крадење чаиши во кафулиња – ниту е првпат, ниту последен пат, но ете, еден скопски локал реи јавно да го искаже својот револт од односот на гостите, кои „сметаат“ дека плаќаат пијачка добиваат чаша гратис.

На фејсбук се појави едно необично обраќање:

Почитувани гости, пријатели и вие што крадете чаши.
Ние. Менаџментот од Винил. Сме крајно разочарани и двајца се многу нервозни дека вчера се украдени пола од чашите во кои дававме пијачки на луѓето.
Мислам стварно!
Едно е да дојдеш на концерт да слушаш добра музика, друго е да крадеш чаши. Мислам кај ги носите? Па ние од тоа живееме, тука сме да правиме пари, зарем не ви е јасно после постот за странците.
Моментално тие двајцата што се најнервозни ги прегледуваат камерите и еден по еден ќе ве најдеме и да ги вратите чашите до вторник после работа. До 6 саат попладне сите!
Секој што ќе врати чаша ќе биде поздравен со “браво царе”, “риспект мајсторе”, “па така бе девојко” доколку се работи за женски крадец на чаши! Истовремено ќе добие можност да се слика со еден од двајцата најнервозни од МЕНАЏМЕНТОТ НА ВИНИЛ. По избор. Или кој ќе биде тука не е битно!
Ве молиме доколку имате видено ваш пријател, роднина, девојка или дечко што ете несакајќи земал чаша веднаш да го пишете во коментар и одма да му кажете до вторник до 6 да ги донесе.
Чашите да се вратат!
За кого?
За Винил!!!
ПС. Ако не знаете никој шо украл или ете несакајќи земал чаша од Винил може у коментари да пишете од кај да земеме ефтини, а големи убави така да изгледаат скапи!
Од Менаџментот

И очигледно има луѓе што крадат, но и луѓе што донираат. Па така досетливите решиле да испратат чаши до кафулето кое се пожали на необичната кражба во нивниот локал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top