Бруто домашниот производ (БДП) растел за скоро 3 проценти, односно 2,9% во годината на најтешката политичка криза, а сега опаѓа за 2 проценти. Официјалните податоци покажуваат дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ бруто домашниот производ растел, односно стапката на раст за 2016 година изнесува 2,9 проценти.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598.881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7,1 процент.
За разлика од тогаш, сега во време на СДСМ истиот опаѓа за скоро 2 проценти, односно 1,9%.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека визијата и патот на партијата е преку реализација на многу нови економски мерки да имаме просечно раст од најмалку 4 отсто или повеќе од бруто домашниот производ.
Во 2006 година имаше 3.300 долари по глава на жител приход, просечно, според стандардите на Светска банка. 3.300 во 2006 – поминавме преку една Светска криза, втора Европска економска криза, па домашната политичка криза. 300 маки и проблеми и успеавме и во такво време, во една од најтешките кризи во светот во последните 80 години од 3.300 приходот по глава на жител да дојде на 5.000 долари, годишно просечно по глава на жител. Во новата ера, во новата декада, во новото утро, во новата визија предвидуваме од 5.000 долари по глава на жител просечно, да се отиде на 12.000 долари по глава на жител просечно приход на секој граѓанин, просечно гледано во Република Македонија по стандардите на Светската банка, посочува Груевски на митинзите кои се оддржуват во рамките на кампањата за Локалните избори закажани за 15 октомври годинава. Тој појасни дека со тоа Македонија ќе влезе во повисока група на развиени земји.
–Група во која сега се Полска, Унгарија, Хрватска, Естонија и други држави. Сето ова ќе се реализира со многу нови економски мерки кои ќе донесат ситуација да во таа декада имаме просечно раст од најмалку 4 отсто или повеќе од бруто домашниот производ. Тоа е нашата визија, тоа е нашиот пат, тоа е нашата декада по завршувањето на помрачувањето, потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст