| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени навивачи на Вардар и Шкендија поради тепачка

Петнаесет лица биле приведени вчера попладне по тепачка меѓу навивачките групи на ФК“Вардар“ и ФК“Шкупи“ на кејот на Вардар во Скопје.

МВР информира дека тепачката почнала околу 15:20 часот во Скопје, а била прекината по интервенција на полицијата.

Приведени биле 15 лица, а по извршениот разговор поднесени се 15 платни налози за констатиран прекршок – насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top