| четврток, 6 декември 2018 |

Со пиштол им се заканил, па ги врзал и ограбил

Вчера околу 12 часот и 10 минути во село Шупли Камен-кумановско, додека 56- годишниот С.Т и неговата сопруга 58- годишната В.П од Куманово, биле во дворот од нивната викендица, дошло непознато лице кое со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента.

Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи, два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило “Опел астра“ (во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи) по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top