МЕПСО реагира на текст објавен на порталот Република.
Економски открива уште еден сомнителен тендер во енергетскиот сектор
Во нивната реакција стои:
Во целост ги отфрламе изнесените шпекулации и инсинуации објавени во горенаведениот текст за евентуално можни малверзации со изборот на најповолниот понудувач за изведувач на ревитализацијата на ТС „Дуброво“.
Заради сето горенаведено, а пред се заради целосно и објективно информирање МЕПСО го соопштува следново:
1. Изборот на најповолниот понудувач (конзорциум од две компании) е направен согласно со правилата и процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во тендерската документација и согласно со законската регулатива;
2. Евалуацијата ја изврши десетчлена комисија на МЕПСО составена од високопрофесионални стручни лица од сите области кои се опфатени во процесот на ревитализација на ТС „Дуброво“;
3. Изборот на најповолната понуда е извршен согласно со процедурите и правилата на ЕБОР. ЕБОР го прифати евалуацискиот извештај на комисијата со што го одобри изборот на најповолната понуда;
4. Понудата со најниска цена на тендерот е отфрлена заради тоа што понудувачот не доставил потребен број референци за претходно извршени работи од обем и природа како што е барано во тендерот, што е еден и основен услов за исполнување на критериумите од тендерот;
5. На тендерот е избрана понудата со најниска цена од тие што успешно го поминале процесот на евалуација;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст