| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Аеродром ќе добие парк за миленици

На почетокот на втората недела од кампањата за претстојните локални избори, во населбата Јане Сандански би сакал да го промовирам проектот предвиден во нашата предизборна програма за целосна реконструкција на сервисните улици меѓу зградите во оваа населба, како и обележување на нови паркинг места – посочи кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на скопски Аеродром, Ивица Коневски.

Кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ додаде дека доколку ја добие довербата од граѓаните, во оваа населба, исто така, ќе се реализираат и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените пешачки патеки.

-Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изградиме и систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување. И во делот на спортот и образованието, предвидена е реконструкција на подовите во ОУ „Љубен Лапе“, кое се наоѓа во оваа населба, реконструкција на детските и спортските игралишта, како и изградба на парк за миленици- рече Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top