Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ остро реагираме и ја осудуваме секоја злоупотреба на службена должност за потребите на кампањата на СДСМ на локалните избори. Имено, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп Живко Сиљаноски, работи на терен во прилепската населба Тризла во која што претежно живее ромско население кое што во најголем број се корисници на социјална помош, се вели во соопштението на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
-Иако, единствена работа која што според закон треба да ја работи Сиљаноски кој што е кадар поставен од страна на СДСМ е да раководи со Центарот за социјални работи во Прилеп тој својата функција ја злоупотребува со тоа што води кампања на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Прилеп. Ја повикуваме министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која што е одговорна за Центрите за социјална работа ширум Република Македонија да поведе постапка против директорот Живно Сиљаноски и истиот да го разреши од функцијата директор на Центарот за социјални работи, се вели во соопштението.
Пратениците порачуваат дека Мила Царовска е должна да го разреши овој директор со што нема да дозволи партијата СДСМ да ги злоупотребува државните функции во своја корист во кампањата со што ќе се допринесе за фер и регуларни избори.
-Доколку Мила Царовска не постапи по овој случај и не го разреши директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп свесно ќе овозможи мешање на партијата со државата и во тој случај ние како пратеници ќе поведеме постапка за парламентарен надзор врз целокупната работа на Министерството за труд и социјална политика и министрката Мила Царовска. Уште еднаш апелираме до сите оние кои што извршуваат државни функции дека додека трае кампањата за локалните избори единствена работа која што треба да ја вршат е онаа на која што се поставени да ја вршат одговорно и професионално, а не да вршат теренски активности за потребите на кампањата на СДСМ и Зоран Заев и да отсуствуваат од своите работни места, се вели во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст