| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен ден на лицата со стома: Низ животот не одиме сами – подобар квалитет на живеење

Во Република Македонија живеат над 1.750 стома пациенти, од кои околу 1.500 се со коло и илеостома, а околу 200 со уростома. Во овие категории на болни, за жал, има и бебиња и мали деца. Овие бројки постојано се менуваат.

Овие лица, за да си овозможат подобра здравствена и општествена заштита се здружуваат во национални и регионални здруженија, а постои и светското здружение на лица со стома.

Меѓународен ден на лицата со стома се одбележува во првата недела на октомври – поточно првата сабота, во целиот свет. Оваа година, мотото на одбележувањето е „Низ животот не одиме сами– подобар квалитет на живеење “.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top