| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од денеска до 6 октомври ќе се одржува Недела на современ јапонски филм во која ќе бидат прикажани пет филмови од јапонската кинематографија снимени од 2008 до 2015 година.

Филмската ревија ќе почне вечер во 20 часот со проекција на филмот „Насекаде околу нас“ во режија на Хашигучи Ријосуке.

Во наредните денови ќе бидат прикажани и филмовите: „Писмата“ во режија на Шоно Џиро; „Скиците од (градот) Каитан“ на режисерот Кумакири Казујоши; „Мајката на Пекоросу и нејзиниот живот“ на Морисаки Азума и „Да се биде добар“ во режија на Ох Мипо.

Сите филмови се со македонски и англиски превод. Проекциите почнуваат во 20 часот, а влезот за посетителите е бесплатен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top