Наместо нивните празни зборови и лажни ветувања, одбери ги нашите многу конкретни, многу прецизни проекти и ветувања кои знаеш дека ќе се остварат. Новата Ера носи два и пол пати повисок приход по жител – односно зголемување од 5 до 12 илјади денари. Тоа значи приближно два и пол пати повисок стандард за живот (односно 2,5 пати повеќе пари за трошење отколку сега). Родителите ќе имаат 2,5 пати повеќе пари за своето семејство, за своите деца, 2,5 пати повеќе пари за одмор, да купат дом, за храна, за облека, за во школо, за на пазар, за кола, не само за живот, туку за вистински подобар живот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата во Штип.
– Пензионерите ќе имаат два и пол 2,5 пати повеќе за себе и за своите внуци, земјоделците ќе имаат 2,5 пати поголеми субвенции и поголем приход – да си купат нови трактори, да си купат нова механизација, ново земјиште да добијат, да си ја обноват куќата. А тоа ќе значи 2,5 пати повеќе пари за модернизација на селата, за улиците, патиштата, патчињата до нивите, мрежите за наводнување и сите други потреби. Компаниите ќе растат, ќе им расте профитот, ќе има повеќе пари за работниците. Со тоа ќе има 2,5 пати повеќе пари за инвестирање во нови патишта, нови школи, болници, градинки и раст на плати за лекарите, учителите, полицајците, војската.
– Новата Ера ќе донесе нови 150.000 работни места, сиромаштија помала за 3/4, ниски даноци, двојно намалена невработеност кај младите и поголеми
можности за стекнување со сопствен дом, зголемени плати, пензии и субвенции, многу повеќе вложување во екологијата за почиста животна средина. Издвојување на 6% од БДП за финансирање на образованието, подобрување на квалитетот на знаeње и креативните способности на младите луѓе, со цел да се дојде во ситуација Република Македонија да влезе во првата половина на листата на Пиза во делот на образованието. Нова ера на големи вложувања во екологијата, Македонија која од нето увозник да стане нето извозник на електрична енергија, Македонија во која функционираат интелигентни и оддржливи градови, Парк и игралиште во секое маало, истакна Груевски.
Како што рече тој, за Штип Новата Ера носи:
1. Бројни инвестиции во инфраструктурата. Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на локалните патишта во Кошево, Почивало, Шашаварлија, населба Три Чешми, Чардаклија, Балканска, Македонка, Железничка, Дузлак, како и на улиците Сутјеска, Крушевска република, Панче Караѓозов и поврзување на булевар ЈНА со булевар Партизанска. Предвидуваме и изградба на обиколницата од бул. „Гоце Делчев“ до бања Кежовица, преку населба Пребег, со која значително ќе се олесни сообраќајот во центарот на градот, особено комуникацијата помеѓу населбите надвор од градот.
2. Предвидуваме изградба на нова водоводна мрежа за населените места Балканска, Македонка и Чардаклија во општина Штип, која ќе придонесе до секој дом да биде доставена чиста вода за пиење.
3. Предвидуваме и изградба на главна водоводна линија во должина од 4.600м со 2 резервоари Мерите и Пребег за да се обезбеди доволна количина на вода за пиење на Технолошката развојна зона и за поврзување на постоечката дистрибутивна мрежа на индустрискиот дел
4. И во наредниот период ќе продолжиме со уредување, изградба и ќе ги реконструираме тротоарите во населбите Сењак, Дузлак, Ново Село, 8-ми Ноември и ќе го завршиме уредувањето на тротоарот од Штип до село Стар Караорман.
5. Ветуваме уредување и на коритото на реката Брегалница од потегот кај бања Кежовица до Чардаклија, со урбани содржини како игралиште, трим-патека и
друго.
6. Во општина Штип продолжуваме и со обновување на фасадите на објектите во централното градско подрачје.
7. Продолжуваме со модернизација на инфраструктурните услови во образованието. Ќе извршиме санација на средното училиште Коле Нехтенин и на основното училиште Тошо Арсов, како и доградба на општинското основно училиште Славејко Арсов.
8. Предвидуваме и гасификација на секундарната мрежа во Штип со која дополнително ќе се олесни работата на индустриските капацитети, на компаниите, и директно ќе се придонесе за подобрување на продуктивноста поради поевтиниот енергенс.
9. Предвидуваме и изградба на затворен пливачки базен, со поддршка на Општина Штип од централната власт. Со изградбата на покриен базен на граѓаните и на спортските клубови ќе им се овозможи да се рекреираат и да спортуваат во текот на целата година.
10. Во Штип ветуваме и нова детска градинка во населбата Сењак со која ќе се избегне проблемот со недостаток на капацитет на постоечката градинка да ги
прими сите деца.
11. Во новата програма предвидуваме реконструкција и конзервација на куќи со староградска архитектура во Штипско Ново Село, како и на булеварот Гоце Делчев. Старите куќи во Ново Село и низ Штип имаат историско значење не само за Штип, туку и за Република Македонија и многу, многу други проекти.
Гаранција дека ова ќе се исполни е Илчо Захариев, неуморлив работник, полн со енергија и со голема љубов за Штип. Направи доста, исполни многу повеќе од тоа што го вети претходно, отворен да помогне секому во било кое време. А вие тоа добро го знаете, заврши претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии