Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија. Ние предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но сеуште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Штип.
– Ајде сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија. За земја на совладани предизвици, на длабока верба, големи соништа и достоинствени почетоци.
Идната генерација на македонски граѓани никогаш не смее да се откажува. Ќе има времиња од нашите животи кога ќе сакаме да се откажеме, кога вие, нашиот народ и сите ние ќе си речеме попусти се нашите желби и соништа, залуден е нашиот труд. Но не… ова не се тие времиња! Одиме напред, гордо и достоинствено!
– Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија. Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии