
Изминативе четири и половина месеци ги видовме какви се. Нарушени национални интереси – катастрофален договор со Бугарија, најава за смена на името и идентитетот, колапс на економијата – пензионерите ги оставија без зголемување, ги намалија платите, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање на митингот во Штип.
– Добивате пониска плата од просечната која ја добивавте само пред четири и пол месеци, падна индустриското производство – само во последното мерење за цели 5,3 осто, падна БДП за 1,9%, паднаа девизните резерви за повеќе од 170 милиони евра, а даноците ќе ги зголемуваат, куп афери со неисполнети ветувања – граѓаните не го добија ветениот поврат на ДДВ, нема поефтина струја, нема повисоки плати, ќе ги кратат субвенциите за земјоделците, непотизам и тендери за лично богатење и што уште не, истакна Груевски.
– Ние тоа што го ветуваме го исполнуваме. Нашиот збор вреди. Ветивме повисоки пензии, зголемени плати, субвенции, нови работни места и тоа го исполнивме…додаде тој во своето обраќање пред штипјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


