И покрај најавите дека тимот на Барса нема да излезе на терен заради ситуацијата во градот која настана на денешниот референдум за независност, каталонскиот гигант сепак ќе го одигра закажаниот меч против Лас Палмас, но пред празни трибини. Натпреварот кој беше закажан за во 16,15 часот започна на време, но „Камп Ноу“ е тотлно празен од безбедносни причини.
Тензиите и бројните инциденти што владеат во Барселона поради референдумот за независност на Каталонија беа причина каталонскиот тим да бара одложување на дуелот. Првично идејата била прифатена од Шпанскиот фудбалски сојуз, но подоцна била донесена одлука да се игра без публика, откако полицијата дала таква согласнот.
На Барселона и се заканиле, дека во случај да не го одигра натпреварот, ќе изгуби службено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст