Лицето кое пукаше во независниот кандидат за советник во општина Кичево, Алит Абази, доби 30-дневен притвор. 58 годишниот А.А. од кичевското село Горно Строгомиште, веднаш беше уапсен, а мотивите за нападот се уште не се познати.
-За мотивите сè уште се води истрага, не можеме да тврдиме дека се политички Гостиварското обвинителство изрече мерка притвор од 30 дена за главниот осомничен, соопшти Јавното обвинителство.
Абази бил нападнат од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот. Нападот се случи пред четири дена, во центарот на Кичево.
Абази е се уште во критична состојба и се наоѓа на Одделот за интензивна нега на скопските клиники, додека Абдиу се очекува да биде пуштен на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


