| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалот заштитен знак на Владата на СДСМ

Најавуваа живот, прикажаа криминал. По четирииполмесечното владеење на СДСМ предводено од Зоран Заев, впечатокот е дека криминалот стана заштитен знак на оваа влада. Афера до афера. Jавноста дозна за измамата за криминалните тендери на вицепремиерот Анѓушев и како Заеви на грбот на граѓаните дополнително се богатат. Се купува фабрика по цена од гарсониера, се гради без правосилна дозвола, се доделуваат тендери на незаконски начин….

Анѓушев на чело на коруптивните афери

Од функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, наместо за граѓаните си работи самиот за себе. Си дозволи низа придобивки и огромна заработка, на незаконски начин. За ова во целиот процес има силна поддршка од премиерот.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.

На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.

Бонбона зделка за Заеви: По цена на една гарсониера ја земаа цела фабрика „Герас Цунев“

Вице Заев, брат на Зоран Заев влегува со бизниси во Скопје, а кланот Заеви го укрупнува капиталот. Уште пред неколку месеци медиумите пишуваа дека фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според информации на Инфомакс е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.

Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото, пишува порталот Нетпрес.

Со ова се отвора оправдан отвори сомнеж дека семејството Заеви користејќи ја, односно злоупотребувајќи ја политичката закрила и моќ, започнуваат со купување капитал во конкурентните македонски компании. Се разбира, со цел да го окрупнат своето богатство. Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни локации во општина Струмица.

Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.

„Фени“ се затвора поради блокада на фирмите на Анѓушев

Како што пишувашe Економски.мк, фирмата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев ја блокирала сметката на кавадаречки Фени Индустри, а самиот тој преку неговите фирми го снабдува комбинатот со електрична енергија.

Порталот објавува дека во фабриката извршители почнале да прават попис, а за тоа говорат и фотографиите кои се залепени во деловите каде е завршена работата. Моментално компанијата работи минимално, колку да не биде целосно исклучена.

Според „Економски“, производство нема, дел од вработените одат на работа, а неофицијално се говори дека прашање на време е кога ќе им биде соопштено дека нема потреба од нив.

Како водечка компанија во металургијата во земјава, „Фени“ има повеќе од 1000 домашни набавувачи и уште три сестрински фирми кои гравитираат околу неа. Директно Фени Индустри вработува 850 луѓе, стручни за оваа проблематика, но и многу изведувачи и фирми соработнички кои додатно го зголемуваат целокупниот ефект врз економијата .

Од опозициската партија постојано обвинуваат за пад на економијата, трпи и БДП и индустриското производство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top