| четврток, 6 декември 2018 |

Ултра проект за Заев – чист воздух во Берово

Зошто мега проекти за чист воздух во Берово? Денот на откровението кога СДСМ најави „чист воздух“ во Берово. Изборната кампања е во полн ек и кандидатите ги претставуваат своите идеи и проекти. СДС во Берово го одржа изборниот митинг и беровчани останаа со прстот во уста. Проекти кои важат за Тетово, Куманово, Струга, Битола и т.н. да ти важеле за сите. Па добро бе луѓе и во Берово, каде што има најмногу кислород во воздух на балканот (воздушна бања) се појавивте со локален проект од ултра размери, со проект за живот и останавте живи. Но тоа е безидејноста и капацитетот на локалното водство и партиската врхушка. Да не е вистина, ќе биде смешно. Зошто?, пишува порталот „Ова е Берово“.

Спиралата се одмотува, ништо чудно иста матрица исти калап. Освен партиските борци и симпатизери, дали некој друг се возбуди или воодушеви од идејата за ултра проектот што како бомба одекна во Берово и регионот наречен „чист воздух“. Дали животот во Берово ќе го почувствуваме ние ако ни речат дека ќе бидат отворени и транспарентни, одговорни, по мерка на граѓаните.

Што можете да направите, што знаете, што смисливте, имате ли идеи или во ЕУ и НАТО со возот од

Берово. Нели оваа се локални избори или ќе чекаме да ни раскажувате за нашиот живот.

Носителот на листата од плоштадот во Берово најави дека ќе ги поддржува сите проекти и активно ќе учествува во креирање на програмите. А каде беше тој и што правеше во изминатите 4 години како Претседател на Советот. Нели беше некоја власт или сега не му одговара. Слушнавте ли за некоја идеја за награди, признанија или избор за најдобар граѓанин во било кое поле (бизнис, образование, здравство, социјала и др). Ајде да се потсетиме дека капелата која беше предложена од граѓаните на форум во заедницата се уште е стопирана, патот во село Митрашинци не го поддржаа, осветлувањето на Беровско езеро го стопираа, патувањето на учениците за обука во Италија преку програми од ЕУ, црквата на езерото и ред друг проекти во интерес на граѓаните, за нивниот живот, за секоја секунда потрошена од животот на младите. А кога сме кај младите, што имате во програмата за Берово, дали ги вративте откако дојде животот? Што ќе поддржите, што знаете? Дали имате визија и идеи со конкретни проекти или се плашите да покажете дека сте апаратчици и партиски војнци, а пред се обични чиновници кои долго ја меркавте градоначалничката фотелја. Дали некој го интересира тоа што чистевте за по еден сендвич или пари за кампањата пред хотелот на вашите симпатизери кои патем и не гласаат во Берово. Толку ли помсливте дека сте различни од 2013 година што заедно со категоријата на полуписмени и исфрустрирани кадри ќе има живот во Берово. Празни ви се проектите, шуплива ви е програмата. Чистиот воздух во Берово го има во избилство, но дали имате две чисти да сватите и да признаете дека немате ништо со што ќе го подобрите животот на граѓаните.

Од уредникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top