| четврток, 6 декември 2018 |

Случајно го продал прстенот на сопругата вреден 23.000 долари за 10 долари

Пред да оди во болница за да се породи со нивното петто дете Ракел Клотијер својата бурма од 23.000 долари ја ставила во малчека кутија, за да не ја најдат другите деца. Додека таа заздравувала од породувањето во болница, сопругот решил да ја расчисти куќата и сите непортебни работи ги изнесол во дворот на продажба. Случајно меѓу предметите што била на продажба се нашла и малечката кутија со прстенот во неа, а некој го купил за 10 долари.

351271_2_ff

По враќањето од болница Ракел ја побарала кутијата, но сопругот ѝ објаснил дека ја продал. Сега и двајцата се во потрага по купувачот на вредниот прстен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top