Согласноста на Зоран Заев грчката Влада да интервенира во македонските учебници за историја подразбира и забрана на користење историски мапи во македонските училишта, факултети и научни институции. Со цел да не бидеме оквалификувани како „иреденстисти“ од страна на грчките власти, нема да имаме можност да ја изучуваме македонската историја која се однесува на целата територија на географска Македонија, пренесува Денешен.мк.
Се поставува прашањето како македонските ученици ќе учат за Македонската револуционерна организација кој во минатиот век била создадена во градот Солун? Дали изучувањето на толку важен настан од македонската историја би подразбирал иредентизам?
Со оглед на фактот дека при потпишувањето на договорот со Бугарија, со кој Заев македонскиот идентитет го сведе на постоење од 1991 година па наваму, може да се претпостави дека македонските ученици историјата на Македонија пред 1991 година ќе ја изучуваат во т.н. „заедничка историја“ која ќе биде испишана од нашите соседи.
Македонските историчари ќе имаат ингеренции само на периодот од 1991 година во кој Македонците немаат никаква допирна точка со територии кои се надвор од Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст