| четврток, 6 декември 2018 |

Пемова: За разлика од сега во времето на ВМРО-ДПМНЕ растеа социјалната помош, платите, пензиите, субвенциите

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова на денешната трибина „Отворено со Комисијата за труд и социјална политика“ истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години била целосно посветена на подобрување на животот на сите граѓани.

-Водеше голема грижа, тоа го правеше многу искрено и  со голема волја. Беше посебно фокусирана за подобрување на социјалниот статус, посебно на овие ранливи категории на граѓани. Тоа граѓаните во Република Македонија го чувствуваа на сопствена кожа и од тие причини ја добивавме довербата, посочи Пемова.

Според неа, граѓаните процениле дека тоа што го правела Владата на ВМРО-ДПМНЕ го правела искрено и со желба секому да му помогне.

-Посебно Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше во изминатите 10 години сконцентрирана на ранливите категории на граѓани. Растеше висината на социјалната помош, растеа платите, растеа пензиите, растеа субвенциите за земјоделците и посебно што сакам истакнам денеска на оваа панел дискусија е тоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа, односно во 2008 година донесе закон за материјално обезбедување на невработени лица кои што останале без работа заради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, или т.н. Закон за стечајци, истакна Пемова.

Нагласи дека со тој закон, материјално биле обезбедени 4.255 стечајни работници.

-Онаа армија од невработени лица, од околу 200 илјади која што ја направи претходната Влада, или Владата на Социјал демократскиот сојуз во таа мрачна транзиција, кога настана грабежот на претпријатијата во државата и кога без работа останаа голем број работници, први што нешто направија за тие работници беше токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Така ние ја покажавме нашата грижа, односно грижата на ВМРО-ДПМНЕ и кон таа ризична група на граѓани која доста страдаа во изминатиот период, рече Пемова.

Посочи дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат се донел законот за минимална плата со што им се помогна на оние лица кои земале многу ниски примања.

-Се бараше начин да се заштитат најмногу работниците во трудо-интензивните дејности, односно во текстилната во кожарската индустрија и во индустријата за производство на производство од кожа. Меѓутоа, економската состојба во тој период беше таква што сите ја знаете. Беше доста тешка. Имаше две големи економски кризи во тој период, Светската економска криза и Должничката европска криза и во таков период успеавме да донесеме еден закон за минимална плата со кој што сакавме да ги заштитиме работниците, истакна Пемова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top