Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Зоран Илиоски денес најави еден проект кој како предлог произлезе од самите битолчани, по што тој изврши и конкретна анализа на реалните потреби и оправданоста.
-Општината ќе формира посебен Оддел за давање помош во домашни услови на старите и изнемоштени лица и лицата со посебни потреби. Новата патронажна служба која ќе функционира во рамките на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и ќе ги сервисира граѓаните кои имаат потреба од домашна нега и грижа, а нивната состојба дозволува да се избегне згрижување во болница или геронтолошка установа. Службата ќе обезбедува лична и домашна хигиена, подготвување на храна и исхрана, облекување, затоплување на просториите, придружување и обезбедување на преглед од матичен лекар, плаќање на сметки итн. Проектот ќе чини 4.220.000 денари, а со реализација ќе почнеме на почетокот на следната година, истакна Илиоски.
Тој најави уште една мерка на општината за подигнување на основната информатичка култура кај старите лица и лицата со попреченост.
-Ќе ги субвенционираме постоечките и ќе организираме почетни курсеви за основно познавање на работа со компјутер, интернет, комуникација преку социјални мрежи и користење на мобилни апликации. Ова е во прилог на нашата решеност општината, во рамките на своите надлежности, да биде општина на сите граѓани независно од возраста. Битола е на сите, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст