| четврток, 6 декември 2018 |

Пецаков: Ќе работиме на создавање квалитетни спортски кадри

Со реализација на проекти од областа на спортот и спортската инфраструктура ќе придонесеме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓаните. Во таа насока е проектот „Трибина и соблекувални на Билјанини извори“, изјави денеска носителот на советничката листа за Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Истакна дека постојната трибина ќе прерасне во современа трибина, но и оти во нејзини рамки ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетскиот клуб „Охрид“, како и просторија на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.

-Секогаш младите, младите, младите. Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општеството и градот. Младите се иднината на Охрид. Кога станува збор за младите, и понатаму ќе продолжиме да вложуваме значителни ресурси и посветено ќе работиме врз развивањето и насочување на потенцијалот кој го имаат младите генерации. И кон обезбедување подобри услови за живот за поддршка на проекти што ќе ги опфатат нивните потреби, нагласува Пецаков.

Посочува дека во градот по втор пат ќе се оддржи Фудбалскиот камп „Барселона“.

-Летен камп за деца од 6 до 16 години под спортска палка на врвни фудбалски тренери од фудбалската школа на ФК „Барселона“. Веќе четврта година по ред, покрај Спортската академија во Скопје, и Охрид ги има спортските паралелки по фудбал, ракомет и кошарка. Ќе продолжи со работа дисперзираната паралелка во рамките на „Ванчо Питошевски“ со цел учениците во средното образование преку посебно обликува образовен процес, со акцент на практичниот дел – тренингот, да се оспособат да постигнат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис, истакна Пецаков.

Рече дека ќе работат на создавање на квалитетни спортски кадри и спортисти кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град.

-Вие ја препознавте нашата грижа кон вас. Тоа е наш долг и наша обврска. Затоа велиме 13 за нова ера во Охрид, 13 за секогаш работа, 13 за секогаш Охрид, 13 за секогаш Македонија, потенцира Пецаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top