Популарниот актер и комичар Џејсон Сигел, најпознат по серијата „Како ја запознав мајка ви“, е во врска со австралиската актерка со српско потекло Бојана Новаковиќ.
Двојката неколку пати била забележано заедно низ Лос Анџелес, а гласините за нивната врска беа потврдени вчера кога Џејсон и Бојана излегувале од еден ресторан, а им дозволиле на фоторепортерите да ги сликаат гушнати заедно.

Џејсон во февруари ја раскина едногодишната врска со актерката Мишел Вилијамс, поранешната сопруга на прерано починатиот Хит Леџер.
Бојана, пак, сѐ почесто влегува во големи холивудски проекти, а во моментот е актуелна со филмот „Генерација Ум“ во кој глуми покрај Кијану Ривс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


