| четврток, 6 декември 2018 |

Животот го дава Господ, а не СДСМ

На првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во скопски Бутел, пред бутелчани се обрати и претседателот на партијата, Никола Груевски.Тој кажа дека ја следеле и кампања и напомена дека една третина, па и до една половина од говорите ги посветуваат да го навредуваат, да го плукаат, да го омаловажуваат него, неговите соработници и ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога плукате по некоја партија и по некои личности што создале, што изградиле, што направиле, треба да сте свесни дека е исто како плукате нагоре, плунката ви се враќа врз вас, врз главата. Тоа ќе им се случи на нив на 15-ти октомври од овој народ кој што знае и гледа, што тоа ние направивме во изминатиот период. Само нека продолжат да не плукаат и навредуваат, ние нив нема да ги навредуваме, нема да ги плукаме, затоа што народот гледа, народот е свесен, народот прави разлика и на 15-ти октомври е свесен дека тогаш е неговиот миг, тогаш е неговата моќ, не пред тоа, не потоа,
изјвави Груевски.

Тој порача дека СДСМ нема да успее повторно да го прелаже народот на 15-ти октомври, дека ќе го казни ова помрачување што го гледаме сега.

-Втората третина или помалку од една половина им е повторно лажни ветувања, најголем дел од работите неисполнливи. Третото им е една чиста демагогија, едни апстрактни поими, ќе донеле живот, во Бутел ќе донеле живот, што да ви кажам. Ќе донеле воздух, како во приказните со Итар Пејо, со Насрдин Оџа, каде што продаваа разно разни работи на народот со разно разни итроштини, така и овие нашиве што се сега на власт, ќе продаваат воздух на народот. Народот има воздух, народот има живот, животот го дава Господ, а не СДСМ, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top