| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ донесе помала нето плата за вработените

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржа во Бутел посочи дека нивните пресметки и експертски анализи потврдуваат дека со „Новата ера“ можно е и ќе се случи со зголемување на растот на економијата во просек од 4 проценти од БДП.

Македонија во таа декада мора да остане држава со најниски даноци во светот. Ние сега сме, но новата власт најави дека по локалните избори ќе дојде до зголемување на даноците. Ќе го зголемуваат персоналниот данок на доход, ќе го зголемуваат данокот на добивка, придонесите кон здравственото осигурување и за пензиско осигурување, вели Груевски.

Тој рече дека ова истовремено ќе значи и намалување на нето платата која ја зема работникот.

-Со зголемувањето на даноците бруто платите ќе останат исти, нето платата ќе се намали затоа што оној дел кој е за персоналниот данок и за здравствено и пензиско осигурување, ќе порасне и ќе се намали од делот на нето плата. Тоа значи зголемување на давачките. Тоа е лошо за Македонија и сите граѓани, пред се за вработените, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, рече Груевски, ние во новата стратегија предвидуваме повторно да има најниски даноци во светот за да може најголем дел од парите да останат кај вработените и кај компаниите за да може компаниите со тие пари да инвестираат и да отвораат нови работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top