| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Ќе се изградат две нови градинки во Аеродром (ФОТО)

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, актуелниот градоначалник, Ивица Коневски, денеска се сретнува со жителите на населбата Стар Аеродром, каде го промовираше проектот од предизборна програма за изградба на 2 нови детски градинки, во кои ќе можат да се згрижат над 500 дечиња, „Изворче“ и „Црвенкапа“.

-Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и уште 20-тина други проекти, меѓу кои верувам на задоволство на нејзините жители, изградба на зелен парк меѓу новите згради и довршување на новата комунална инфраструктура.

Во соработка со Град Скопје, пак, ќе ја пробиеме улицата „Васко Карангелевски“ од булеварот „Трета македонска бригада“ до поликлиниката „Јане Сандански“ – вели Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top