| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски оствари средба со Ахмет Давутоглу (фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров, Александар Николоски, Владимир Ѓорчев оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелните случувања, политичката состојба, приоритетите на државата и за турско македонското пријателство кое е резултат на долгогодишна блиска соработка.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека државата се соочува со тешка економска ситуација и надолен тренд на макроекономски показатели кои покажуваат дека ни престои подлабока економска криза која се одразува врз стандардот на граѓаните. Од страна на Груевски беше посочено дека турско македонското пријателство е на црвсти основи и е резултат на традиционално добрата соработка. Беше поздравена поддршката од страна на Турската држава и користењето на уставното име, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Беше истакнато дека приоритети на Република Македонија остануваат членството во НАТО, и Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top