| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Хрватска: Сиромашните деца ги викаат „лиделчиња“!

Хрватска ја тресе скандал откако се разбра дека меѓу децата кои одат во градинка овие денови е популарен погрден назив за врсниците чии родители купуваат облека и друг прибор во ланецот маркети на „Лидл“.

Нив ги нарекуваат „лиделчиња“.

Користењето на овој погрден збор засега е забележно само во Сплит.

– Децата не се свесни како одредено однесување може негативно да влијае на чувствата и самодовербата на другите, нивната емпатија не е толку развиени, но оваа класифиакција на другите деца според тоа дали облеката е „марка“ или не, е загрижувачка за деца на таа возраст – објаснува една воспитувачка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top