Четири новороденчиња починале во еден ден на скопска гинекологија – објави Сител. Сите биле предвремено родени и сместени во инкубатори на одделот за интензивна нега. Скандалозно во овој случај е што дежурниот педијатар не бил на работното место. Докторката ја напуштила клиниката само еден час откако дошла на смена. Медицинските сестри ја повикале кога се влошила состојбата на едно од бебињата. Од Клиниката го потврдуваат случајот и информираат дека уште наредниот ден ја суспендирале од работа.
-За овој случај се води дисциплинска постапка. Извршен е и надзор од министерството за здравство. Интензивна нега со над 50 деца не смее да остане без лекар, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Според информации на Сител целиот случај го испитувал и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Била формирана и комисија.
-Веднаш по добивање на информацијата, МЗ формираше комисија за стручен надзор и времено е суспендирана докторката, која била на дежурство таа вечер, се до донесување конечен заклучок на Комисијата за стручен надзор кој се очекува да биде готов во текот на денешниот ден, информираат од ресорното министерство.
Извештајот на комисијата треба да покаже што точно се случувало пред една недела овде на Клиниката за гинекологија.
После неколкуте смртни случаи на новороденчиња кон крајот на август и последните четири починати бебиња во еден ден се поставува прашањето- Што ќе превземат надлежните здравствени власти за да се намали смртноста на предвремено родените деца?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст