| четврток, 6 декември 2018 |

Крадецот кој ја ограби Ким Кардашијан ѝ прати писмо од затворот

Една година откако крадци ја ограбија Ким Кардашијан во хотелската соба во Париз, едниот од нив Аомар Аит Кедаче наводно ѝ напишал писмо од затворот.

Како што пренесуваат странските медиуми, еден од уапсените крадци ѝ испратил писмо на француски јазик, коешто го превеле нејзините адвокати.

„По набљудувањето на вашите емоции и сфаќањето на психолошките оштетувања кои ви ги нанесов, одлучив да ви пишам. Сакам да ви се обратам како човечко суштество и да ви кажам колку жалам поради мојот гест и колку ме допре кога ве видов во солзи. Треба да знаете дека сосема сочувствувам со вас. Ја чувствувам болката која ја изразивте на вашите деца, вашиот сопруг и на вашите блиски. Се надевам дека ова писмо ќе ви помогне барем малку да ја заборавите траумата којашто ја преживеавте поради мене“, наводно стои во писмото.

Ким во повеќе епизоди на своето реално шоу откри дека оваа случка сосема ѝ го променила животот. Во текот на грабежот доживеала терор кога мислела дека ќе ја силуваат и убијат, а потоа се повлече од јавноста неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top