| четврток, 6 декември 2018 |

Купер, наследникот на Хефнер, пораснал во „Плејбој“ вилата, сега е на чело на милионско царство

Купер Хефнер, најмладиот син на починатиот могул Хју Хефнер, моменталниот креативен директор на Плејбој, е наследникот на својот татко на чело на “Playboy Enterprises”, пишува “Time”.

26-годишниот Купер би требало да наследи милиони, со оглед на тоа дека вкупното богатство на Хју Хефнер е проценето на 43 милиони долари, а наследници би требало да бидат неговите четири деца, филмското училиште на Универзитетот Јужна Калифорнија и разни хуманитарни организации.

По смртта на својот татко, Купер објавил трогателен последен поздрав.

-Мојот татко живееше неверојатен и влијателен живот, како медиумски и културален пионир и глас зад многу значајни општествени и културни движење на нашето време, кои поттикнувале слобода на говорот, човекови права и сексуална слобода.

Го дефинираше животниот стил и дух кој лежи во срцето на брендот “Playboy” кој еден од најпреознатливите и најдолготрајни во историјата.

Ќе им недостасува на многумина, вклучувајќи ја неговата сопруга Кристал, мојата сестра Кристи, моите браќа Дејвид и Марстон, и на сите во “Playboy Enterprises””, напишал на својот профил на Твитер.

Освен што ќе ја наследи компанијата на својот татко, Купер ги наследил и неговите либерални погледи, иако веќе се посветил на либералниот живот и покрај фактот дека пораснал во Плејбој вилата. Од 2015. година е свршен со актерката Скарлет Бирн, најпозната по улогите во серијалот за Хари Потер.

Преку својот профил на Инстаграм, Купер често споделува фотографии од својот секојдневен раскошен живот, а не ги крие ни своите политички гледишта.

-Јас сум либерал и навистина имам проблем со тоа што конзервативците се однесуваат како да поседуваат војска, рекол тој за “Hollywood Reporter” и притоа објаснил дека и тој моментално служи во воените резерви во државата Калифорнија.

Исто така, од својот татко ја наследил склоноста кон контроверзии, а на почетокот на оваа година рекол дека сака да ја врати голотијата во Плејбој.

-Тоа е еден од моите приоритети, за тоа што го изгради мојот татко да остане автентично, рекол за New York Post.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top