| четврток, 6 декември 2018 |

Отишол да работи, го нашле мртов

Голема трагедија ја потресе вчера Македонија кога попладнето во 18 часот и 30 минути во близина на трлата на место викано Кадиица во близина на селото Ораов Дол во атар на општина Чашка, бил пронајден мртов маж.

Според податоците од полицијата, случајот го пријавил 41-годишниот А.А. од селото Јаболчиште, а се работи за 54-годишниот С.Т. од Клуковец кој ја чувал стоката. Тој до трлото лежел на земја без знаци на живот.

Смрт е констатирана од страна на екипа на Здравствен дом Велес, а увид на лице место извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top