Руската полиција го уапси опозицискиот лидер Алексеј Навални при излегување од неговиот дом во Москва.
– Ме уапсија и никој ништо не знае. Прашувам зошто сум уапсен. Одговараат: Сега ќе видиме како стојат работите, изјави Навални.
Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека Навални е уапсен бидејќи „повикувал на учество во неовластени акции“.
Опозицискиот лидер најави дека ќе се кандидира на претседателските избори на пролет, но судската пресуда за финансиска злоупотреба, која тој ја смета за политички мотивирана, не му дозволува учество на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.