Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, денеска ја посети населбата Стар Аеродром од каде најави дека за таму е предвидена изградба на две нови детски градинки.
– Денеска во населбата Стар Аеродром би сакал да го промовирам проектот од нашата предизборна програма за изградба на 2 нови детски градинки, во кои ќе можат да се згрижат над 500 дечиња. Станува збор за градинките „Изворче“, која се наоѓа зад нас и „Црвенкапа“, во чии рамки ќе бидат изградени двете нови градинки. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и уште 20-тина други проекти, меѓу кои верувам на задоволство на нејзините жители, изградба на зелен парк меѓу новите згради и довршување на новата комунална инфраструктура. Во соработка со Град Скопје, пак, ќе ја пробиеме улицата „Васко Карангелевски“ од булеварот „Трета македонска бригада“ до поликлиниката „Јане Сандански“, истакна Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови