Министрите во Владата на Република Македонија, државните службеници, административците – сите заедно, во работно време, со државни ресурси, учествуваат во изборната кампања на владејачката партија. СДСМ најавуваше строга динстикција меѓу државата и партијата, но како и се друго што ветуваше, и ова се покажа како голема лага. Дури и планот 3-6-9 на Владата на Заев, според неговите зборови, е базиран на забелешките на Прибе, но досега тоа се покажало како невистина. Клучните препораки на Прибе се однесуваат токму на раздвојување на државата од партијата.
Во поднасловот „Европски вредности“ е забележано „Местото на избраните партии е во Парламентот. Интересот на политичарите и партиите не треба да се меша со јавниот интерес на државата.“ Во делот „Патот напред“, Прибе го споменува и „спојувањето на државата и партијата”, повикувајќи се „на политичка волја и одлучност да воочат недостатоците и да се направат промените“ како услов за „спроведување на препораките на групата”. Делот „Избори“ го прецизира проблемот на релација држава-партија:„ Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности… неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, придонесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијата…“.
Наместо изделување на партијата од државата и следење на препораките на Прибе, последно што видовме на терен е како министри учествуваат во кампањата. Шеќеринска излезе во Тетово во поддршка на кампањата на ДУИ, а вицепремиерот Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ветува живот во Прилеп.
„Македонија сe врати на вистинскиот, на европскиот пат, кој ќе и овозможи со европска помош да напредува брзо и на централно и на локално ниво, преку директна помош за државни и општински потреби, водоводи, канализации , пречистителни станици“, порача синоќа министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со жителите на селото Неготино на средбата на жителите од ова село со кандидатот за градоначалник во општина Врапчиште Даут Демири.
Вицепремиерот Анѓушев освен што присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на турската компанија Чагатај Кабло во зоната во Бунарџик, заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски оствари средба со бизнис заедницата од Куманово, каде што ги објасни мерките на Владата за унапредување и развој на економијата во државата.
Анѓушев не смета дека го прекршува Изборниот законик со тоа што промовира стимулативни мерки во изборна кампања.
–Во однос на средбата во Куманово, се сретнав со бизнис заедницата во градот. Истото го правев и ќе го правам понатаму бидејќи треба да знаеме кои се локалните проблеми на секоја заедница за да може да направиме рамноправни услови за сите. Немам проблем да седнам на маса со секој оној што сака да помогне на домашните фирми, секој што сака напредок. И во Прилеп и во Велес и во Куманово и во секој друг град, вели Анѓушев за Нова ТВ.
И кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Максим Димитриевски не гледа спојување на државата и партијата, во неговата средба со Анѓушев, при промовирање на економската програма на Владата.
Од почетокот на изборната кампања гледаме како СДСМ грубо го прекршува Изборниот законик и ја става државата во функција на партијата. Во работно време Оливер Спасовски со службено обезбедување и во придружба на државни службеници вработени во Министерството за внатрешни работи остварува партиски активности.
Спасовски е акативен и во промоција на кандидатите на СДСМ за градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, и на Маврово-Ростуша, Медат Куртоски.
Изборните материјали во Струмица, каде што е градоначалник Зоран Заев, се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината.
Во Куманово, пак, вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ ја злоупотребуваат службената положба и за работно време, во работна облека, делат летоци за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.
На презентазијата на програмата на еден од кандидатите на СДСМ каде била присутна и Марија Петковска, вработена во агенција за катастар и недвижности – Кратово и Актуелен претседател на ОИК Кратово.
„Човекот кој треба непристрасно да организира избори всушност е партиски војник на СДС. Ова е грубо прекршување на изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка на Марија Петковска од функцијата претседател на ОИК Кратово. Државната изборна комисија под раководство на Чичаковски се уште молчи за скандалот од невиден размер“, реагораше опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст