| четврток, 6 декември 2018 |

Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу ослободени за да бидат ставени во погон за изборите

Што очекува за возврат Зоран Заев од Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу откако овие затвореници беа ослободени? Во пресрет на локалните избори сосема е јасно каква потреба СДСМ и Заев имаат од овие осуденици за тешки кривични дела кои сега се на слобода.

Сосема е јасно дека Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу се ослободени за да бидат ставени во погон за изборите.Причината поради која Агим Красниќи од Кондово беше осуден е изборни насилства. Во пресрет на локалните избори каде СДСМ влегува со низок рејтинг, тие имаат потреба од баш ваков човек. Тој неодамна беше пуштен на викенд од затвор. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8-ми септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор. Красниќи сега е на слобода, а за тоа е заслужна новата владејачка гарнитура, на која одлично би и дошло овој криминалец да го повтори делото и на следниве избори. Иако во јавноста излегоа информации дека тој не е целосно ослободен, дел од медиумите уште на почетокот на месецов пишуваа дека Красниќи ќе има право викендите да ги минува на слобода, што значи дека тој ќе биде на слобода и викендот кога ќе се одржуваат избори, во саботата кога е предизборниот молк и во неделата, на денот на избори. Со оглед на тоа дека Красниќи беше уапсен за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на парламентарни избори, може само да се претпостави овој пат која улога треба да ја одигра во корист на Заев и СДСМ. Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу. Тој повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години, но на половина од казната доби зелено светло за излез од новиот премиер и неговите соработници. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

„Здравствените проблеми“ тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

Осуденици за тешки кривични дела излегуваат од затвор во пресрет на локалните избори. Владата ги ослободува, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top