| четврток, 6 декември 2018 |

Загина жена од Октиси во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Едно лице почина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Сообраќајката се случила во близина на Длапкин Дол околу седум часот кога возило со струшки регистарски таблички се превртело и излетало од патот при што на лице место починала жена 54-годишна од село Октиси, Струшко.
Надлежните работат на случајот и со подетални информации СВР Охрид во текот на денот ќе излезе со сопштение информира портпаролот Стеван Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top