| четврток, 6 декември 2018 |

Aлексовски: Ќе изградиме тротоари по должината на целата главна улица во Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предвдена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, синоќа оствари средби со жителите на село Градец, населбите Грамаѓе и Белево, каде одржа и мини-митинг, најавувајќи го проектот за изградба на тротоари од влезот до излезот на градот.

– Во мојата програма имаме предвидено уредување на тротоарски површини од клучката на главната улица со магистралниот пат А2, на влезот во градот, се до Мотел Македонија. За ова е изработен изведбен проект и добиена е дозвола за градба, останува само да бидат обезбедени финансии за реализација, рече Алексовски.
Според него, овој проект и останатите кои ги ветуваат со програмата „Новата ера почнува“ се реални и се за општо добро на сите граѓани на општина Крива Паланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top