Постои честа заблуда дека катранот во цигарите е ист со катранот кои се користи на патиштата. Како резултат на ова, тутунските компании во САД во известувањата за нивото на катран и никотин во цигарите вообичаено го ставаат зборот катран или tar во наводници, за да се покаже дека тоа е различно од катранот кој се користи во асфалтот.
Инаку зборот Tar е акроним за Вукпен аеросолен остаток (Total Aerosol Residue).
Европската унија во моментов го ограничува нивото на катран во цигарите на 10мг.
Кога катранот ќе навлезе во белите дробови, ги зафаќа влакната на клетките предизвикувајќи најпрво престанок на работата на клетките, а потоа и истите да изумрат. Со тоа се создаваат за рак на белите дробови, затоа што влакната од клетките не можат да ги спречуваат честичките во чадот од тутунот и влегуваат директно во алвеолите.
Ова навистина може да ни ги отвори очите за работите што си ги правиме себеси кога пушиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.