Во времето на ВМРО-ДПМНЕ немаше недела да не помине, а да не се слушне за набавка на некој крупен апарат во државата, да не се види дека се инвестира во здравството. Запрени се голем дел од проектите, се занимаваат со нас и се занимаваат со смислување на нови лажни ветување, истакна на вечершаниот митинг во Струга претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тој додаде дека во документот се осврнале на сите поважни работи, но најмногу од се на економијата.
-Се предвидуваат во наредната декада, отворање на нови 150.000 работни места во Македонија. наспроти оваа безидејност и хаотичност во економијата, ние кои отворивме 173.000 нови работни места во минатите 11 години, предвидуваме во наредната декада нови најмалку 150.000 работни места. Во 2006-та во Македонија имаше 560.000 вработени луѓе. Кога заминавме имаше над 732.000 вработени. Тоа не падна од небо, на тоа некој работеше, со стратегија, со идеја, со посветеност, со одговорност. Новите 150.000 работни места ќе ја донесат Македонија во ситуација да влезе во група на земји што се со невработеност под 10 проценти. Кога дојдовме во владата невработеноста беше безмалку 40 проценти, кога излеговме ја оставивме со 22,5 % невработеност. Наредната декада ќе одиме под 10 проценти невработеност, нагласи Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека со низа на мерки, економски чекори, сиромаштија ќе се намали на три четвртини и истовремено невработеноста кај младите да се преполови.
–Да се инвестира во младите, најмалку еден универзитет од Македонија да влезе во првите 200 во светот според Шанхајската листа. Македонија во делот на основно и средно образование да влезе во првата половина на листата на Пиза и да се продолжи со инвестиции и отворање на нови работни места. Македонија да остане држава со најниски даноци во светот. Ние и сега сме држава со најниски даноци, СДСМ ни најавува зголемување, но со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во новата декада повторно Македонија ќе биде држава со најниски даноци во светот. Тоа е новата ера, наспроти помрачувањето кое ни го нудат, потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст