На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани пред граѓаните се обрати и претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа дека овој период е период кога Македонија ја фати една помрачина, помрачина посебно во економијата. Тој кажа дека ветуваа дека 500 евра просечна плата која сега ја нема, дека ниту пензиите не се пораснати иако ветуваа.
–Ветуваа младинска гаранција, дека секој млад човек откако ќе заврши школување, во рок од 6 месеци, ќе му се обезбеди вработување, не само што го нема, туку сега тоа вработување го претвораат во некакво волонтерско практицирање, а и тоа го нема никаде, изјави Груевски.
Груевски напомена дека државата има пад на прометот во индустријата за 9,5 проценти.
–Имаме пад на девизните резерви за 172 милиони евра, порано ако се случеше за 2-3 милиони евра да паднат во некој период девизните резерви, се правеше драма во Македонија, сега три месеци имаме пад од 172 милиони евра. Имаме помалчку странски инвестиции за 100 милиони евра, имаме 60 компании кои беа готови да дојдат и да изградат фабрики во Македонија, компанииете ги нема никаде, затоа што немаат добредојде во Владата, таа гледа на нив како на натрапници, изјави Груевски.
Тој потенцираше дека новата Влада ги запрела сите позначајни проекти во Македонија.
-Од пусти гнев и инает кон ВМРО, ги запреа сите проекти кои ги започна ВМРО, а со тоа ја запреа економијата и целиот градежен сектор, големите градежни компании отпуштаат работници, земаат кредити за да дадат плати. Најавија и зголемување на даноците во Македонија, најавија дека ќе се зголеми персоналниот данок на доход, данокот на добивка, дека ќе се зголеми придонесот за здравство и придонесот за пензиско. Три од овие ќе одат на сметка на работниците, затоа што работниците ќе добијат иста бруто плата, ама помала нето плата, бидејќи еден ден од нето платата ќе отиде за поголем персонален данок и за поголеми придонеси за здравствено и за пензиско, изјави Груевски.
Тој напомена дека тоа е најавено, а не нешто што е измислено и кажа дека се гордеат со тоа.
-Земјоделците исто така си добија порака, дека ќе имаат во иднина земјоделски субвенции, ама ако имаат поголеми приноси, а ако нема поголеми приноси нема субвенции, нека пропаѓаат. Никој во Македонија не гласаше за тоа, никој не беше прашан дали на земјоделците треба да им се укинат субвенциите ако имаат сушна година и ако приносот им е помал, никој не гласаше за овој штетен договор со Бугарија, никој не гласаше за ваков однос кон инвеститорите и за ваков пад во економијата, изјави Груевски.
Груевски порача дека затоа на 15-ти октомври треба да се избере градоначалник и советници, но и да се почне со ставањето на крајот на помрачувањето, што еве веќе четири месеци ја најде Македонија, како што вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст