На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани пред граѓаните се обрати и претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа локалната самоуправа во Вевчани ви изминатите четири години направила колку што никогаш во оваа општина не било направено.
-Со сите мерки за привлeкување на нови инвеститори и отворање на нови работни места, значително се намали невработеноста во Република Македонија, се отворија над 173.000 нови работни места. Во Вевчани во 2006 имало 298 вработени лица, а на крајот на 2016 има 566 вработени лица. Во последните десет бројот на вработени лица е зголемен за 90 проценти овде во Вевчани. Во Вевчани изградивме нова училишна зграда, со површина од 2.450 метри квадратни, во вредност од 65 милиони денари, изјави Груевски.
Кажа дека е изградена и спортска сала, тениско игралиште, комплетно уреден просторот околу училиштето Страшо Пинџур.
-Во изминатите четири години реконструирани и изградени се неколку локални улици, меѓу кои се улицата Света Варвара, Млака, реконстуирани и поплочени се улиците Дузлеј, Бебекој, Кочој, Русеј, Дуцкини, Хитаној, Шутиној, Попеј, Костојчини, Богој и Кључкој, изјави Груевски.
Тој напомена дека во Вевчани сега и да нема неасфалтирана улица, дека се реконструирани мостовите во општината, реконструирана била фонтаната која е атракција за туристите.
-За пензионерите од Вевчани во просториите на општинската зграда изграден е дневен центар за стари лица. Исто така се отвори и младински центар, кој припадниците на помладата генерација од Вевчани го користи за социјални, културни и едукативни настани. Целосно е реконструирана детската градинка во во Вевчани, изјави Груевски.
Груевски кажа дека има уште многу проекти за кои заслуги има Цветомир Угриновски, актуелниот и како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ иден градоначалник на Вевчани:
-Тој е човек што направи многу за оваа општина и затоа одлучивме дека тој е човек што треба да добие уште еден мандат за доброто на Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст