Вевчани е бастион на ВМРО-ДПМНЕ, голема е честа да бидам носител на кандидатската листа за да можам да ги реализирам сите идеи за доброто на Вевчани, ова на вечерашниот митинг во Вевчани го истакна носителот на советничката листа Јовица Лешовски.
–Изминатиот период во Вевчани беа реализирани многу проекти од 15 октомври советот на општина Вевчани ќе продолжи да работи рамо до рамо со градоначалникот, вашиот глас даден на 15 октомври за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија значи нови инфраструктурни проекти, нови економски проекти, проекти во образованието, спортот и културата како и проекти за подобар живот. Ние сме тие кои што ќе ја градиме иднината на Вевчани и затоа придружете ни се за заедно да дејствуваме во насока за подобрување на животот во Вевчани, вели Лешовски.
Тој додаде и дека им се потребни најмалку седум освоени советници, а народот треба да го заокружи бројот 13.
-Овие избори и се референдум за сите граѓани, на 15 октомври зачекоруваме во нова ера, на 15 октомври да го заокружиме бројот 13, потенцираше Лешовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст