Основното јавно обвинителство – Скопје по завршената истрага поднесе обвинителен акт против лицето Љ.С., кое на 1 јуни годинава пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека лицето се товари за две кривични дела – Убиство од член 123 во врска со член 19 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.
– Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за продолжување на мерката – притвор поради постоење на опасност од бегство на обвинетиот и опасност од извршување на обиденото кривично дело, стои во соопштението од ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст