Во Лекарската комора на Македонија денеска е потпишана Декларација – стоп за насилството врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници.
Потписниците на оваа Декларација се обврзаа секој во рамки на своите ингеренции да работи на заштита од насилство кон здравствената фела, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите, правото за безбедна работа средина, заложбите за сериозноста на ова начело од страна на управителите на сите ЈЗУ и успешно справување со помош на полицијата и правниот систем.
„Едно од начелата е, плановите за спречување насилство врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и дугите здравствени работници мора да се изработуваат како на национално ниво, така на ниво на здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на Владата и здравствени установи.
Заложбата е за јасна и транспарентна работа која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и истата јавно да се подржува“, велат во Лекарската комора на РМ.
Декларацијата ја потпишаат претседателите Лекарската комора на РМ, доц. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателот на Стоматолошката комора, проф. д-р Владимир Поповски, претставникот на Фармацевтската комора м-р Eрол Али, Министерот за здравство д-р Арбен Таравари и претседателката на Здружението на медицински сестри, техничати и акушерки на РМ, Велка Лукиќ.
Ваква Декларација за стоп насилството во здравството во средината на септември потпишаа и коморите членки на ЗЕВА, асоцијација во која се обединети 17 коморите од земјите на Централна и Источна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст