Аеродроми во светот денеска беа погодени од технички проблеми поради кои привремено беа оневозможени за пријавување луѓе и багаж на летови.
Аеродромите во Париз, Цирих и Франкфурт соопштија дека имале проблеми со компјутерскиот систем, но техничките проблеми биле релативно брзо решени.
На аеродромот во Франкфурт не било можно внесување податоци за патници околу 20 минути.
Саутвест ерлајнс соопштија дека имале компјутерски проблеми на неколку американски аерордроми, но тие се надминати и не се очекуваат дополнителни доцнење ниту откажување на летови.
– Компјутерскиот систем Амадеус со кој се внесуваат билетите на патниците беше оневозможен за користење, но сега работите се средија. Повторно сме во можност за регистрирање патници за летови, соошти Стивен Мјниан, портпарол на австралиската авиокомпанија Квантас.
Од компанијата која се грижи за програмата Амадеус со која се поврзани аеродромите во светот, соопштија дека нивниот компјутерски тим „идентификувал проблеми во работењето на програмата и се работи на повторно функционирање на системот“.
Си-Ен-Ен јави дека биле погодени аеродромите Инчеон во Сеул, Ханеда во Токио, Шарл де Гол во Париз, Цирих, Франкфурт, Гетвик во Лондон и Хитроу во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст